Единствената платформа за симулативен државен испит во Македонија. 4.000+ прашања, детални објаснувања и реален формат — на македонски и на албански.
Реален формат, реални прашања, детални објаснувања — подготви се за државниот испит како никогаш досега.
Подготовка за писмениот дел од државниот испит по општа медицина.
Комплетна подготовка за државниот испит по дентална медицина со детални објаснувања.
Реален формат, реално време, реална тежина. Нашиот симулативен испит го следи идентичниот формат на државниот испит.
Подготовка изработена според барањата на државниот стручен испит во Македонија.
Испитот се полага во ист формат како државниот: ограничено време, преглед на сите прашања и можност да означите прашање за повторен преглед. Условите се исти, за да знаете што ве очекува.
Ист формат, исто времетраење и иста тежина како државниот испит. Полагате во реални услови и знаете точно што ве очекува.
Базата ги следи стилот, содржината и тежината на вистинскиот испит — по предмети и по области.
За секое прашање: зошто одговорот е точен и зошто останатите не се.
Гледате колку сте поминале и колку ви останува до целта.
Системот покажува каде грешите најчесто, за да учите таргетирано.
Прашањата и објаснувањата се на македонски. Интерфејсот може да се менува на македонски, англиски, албански и турски.
Повторувајте го испитот колку пати сакате. Секој обид се зачувува, за да го споредите напредокот.
Општа Медицина или Дентална Медицина — почни веднаш.
Одговарај прашања, читај детални објаснувања, гради знаење.
Тестирај се со симулативен државен испит.
97% од нашите студенти положуваат.
Нивните зборови, не нашите.
"Одлична апликација за подготовка за стручниот испит по дентална медицина во Скопје. Корисна, практична и одлична за брзо повторување пред испитот. Топло ја препорачувам на сите колеги! БЛАГОДАРАМ!!!"

"Јас најмногу ги користев пробните тестови затоа што така најлесно гледав до каде сум со подготовката. Кога ќе згрешев нешто, веднаш можев да прочитам зошто сум згрешил и како да стигнам до точниот одговор. Многу помага за да стекнеш сигурност пред испит и веќе ја препорачав на неколку колеги."

"Пред да почнам со Medixa најмногу се плашев дека ќе учам прашања напамет. Со платформата после секое прашање можев да видам зошто точниот одговор е точен и каде сум згрешил. Многу ми помогна за повторување пред испит. Јас лично би ја препорачал на секој колега што сака да се подготви посигурно."

"Прекрасна идеја, презадоволен сум. На испитот од лекарска имаше и доста различни прашања од овие на платформава, но во глобала беа пд тука. Од 120, 80 беа исти. Браво за идејата, ова може да послужи и после полагање за повторување на материјата. Поздрав и БРАВО"
"Многу корисна и практична апликација за сите што се подготвуваат за полагање. Овозможува полесно и поорганизирано совладување на материјалот, како и проверка на знаењето преку решавање на прашањата и симулација исто како на државен испит."
Користевте Medixa? Споделете го Вашето искуство со колегите.
Не ризикувај. Вежбај со единствениот симулативен државен испит во Македонија.